Мајка ѝ платила свадба од соништата на ќерката па ѝ го украла сопругот и забременила од него ФОТО

Лорен била толку благодарна што ја однела мајка си на нивниот меден месец. Ова се покажа како фатална грешка, бидејќи само осум недели подоцна нејзиниот сопруг се иселил од заедничкиот стан.

4201

Многу жени можеби не се во добри односи со своите мајки, но Лорен Вол тврди дека таа нема да и прости за она што и го направила до крајот на животот.

Имено, нејзината мајка ѝ го украла сопругот, а денес со него има и дете.

Кога имала само 19 години, Лорен се омажила за Пол Вајт. За нејзината свадба од соништата, нејзината мајка Џули (која во тоа време имала 38 години) потрошила околу 15.000 фунти. Лорен била толку благодарна што ја однела мајка си на нивниот меден месец. Ова се покажа како фатална грешка, бидејќи само осум недели подоцна нејзиниот сопруг се иселил од заедничкиот стан. Девет месеци подоцна, мајката Џули објавила дека очекува бебе со сопругот на својата ќерка Лорен.

– Пол секогаш добро се дружеше со мојата мајка. Мислев дека не е чудно бидејќи таа беше негова баба. Тие секогаш се смееја заедно, но не ми беше грижа, зошто би ми било? – изјави Лорен за „Дејли мејл“.

Таа рече дека едвај чекала да започнат заедно да живеат, но дека забележала промени во неговото однесување многу брзо по свадбата. Почнал да го крие мобилниот телефон, а неколку недели подоцна нејзината сестра ја нашла нивната преписка на мобилниот телефон на нејзината мајка.

„Мама негираше, рече дека сум луда. Кога се соочив со Пол, тој пребледе и одби да ми го покаже телефонот“, рече таа.

Само неколку дена подоцна, тој ги напуштил Лорен и нивната седуммесечна ќерка. Кога слушнала дека се преселил со нејзината мајка, таа не можела да поверува дека двајцата што таа најмногу ги сакала и на кои најмногу им верувала, така ја прелажале

– Се чувствував лошо. Тоа е една од најлошите работи што мајка може да ја направи на својата ќерка. Пол можеби е таков човек, но таа е мајка ми. Таа треба да ме сака и да ме чува повеќе од сите – вели Лорен.

Таа откри дека прво слушнала озборувања за нејзината мајка дека е бремена со својот поранешен сопруг, но не верувала се додека не ја видела мајка си со труднички стомак.

„Не можев да верувам кога ја видов. Се чувствував лошо , отидов дома и ги уништив сите свадбени фотографии“, рече таа.

Само девет месеци откако Пол ја напушти, мајката го роди своето бебе.

„Таа тврдеше дека таткото е некој друг, но јас ја знаев вистината“, тврди Лорен.

Пет години по завршувањето на нивниот брак, Пол се оженил со нејзината мајка. Лорен била дури и на нивната свадба.

– Го направив тоа за нашата ќерка. Разговараме повторно, но не, тоа не значи дека и ‘простив. Пол никогаш не ми се извини. Го замолив да и ја објасни ситуацијата на нашата ќерка, но тој тврди дека на тоа требало досега да заборавам – вели Лора.

Lauren Wall, from Twickenham, south-west London, who's now 34 got married to husband Paul when she was just 19. Just weeks later her husband moved out and was soon with Lauren's mum, Julie

In July 2005 nine months after Paul had walked out, Lauren's mum, Julie, gave birth to his baby. Five years on from his marriage to Lauren, Paul married Julie (the couple are pictured here in 2019 in Kuala Lumpur)

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...