Дваесетгодишна скопјанка вчера пријавила дека околу 13 часот била нападната и со нож била три пати прободена во ногата од нејзината мајка.
С.И. била прободена во пределот на десната надколеница. На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8 Септември“.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.