Мајка си го заборавила бебето на аеродром, авионот морал да се врати за да си го земе (ВИДЕО)

887

Патничка од саудиска компанија барала авион кој полетал за Куала Лумпур да се врати, бидејќи го заборавила бебето во чекалната на аеродромот.

– Бог нека ни е на помош. Можеме ли да се вратиме? Што да правиме? Патничката го заборавила бебето во чекалната – појаснил пилотот.

Контролорите не биле сигурни што слушнале, па барале тој да го повтори барањето.

– Во ред. Вратете се на терминалот. Ова досега сме го немале – одговориле тие.

Не се знае дали авионот полетал или бил на пистата, кога жената сфатила дека ѝ го нема детето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...