Мајка принудувала здрави деца да седат во инвалидска количка и да глумат дека се болни – на нив „заработила“ 140.000 евра

Таа дури и без никаква потреба самата им давала инјекции, открил семејниот лекар пред судот.

248

Германката Мајке Б. (49), која е обвинета за злоупотребување на штитеникот и измама, ги лажела службите за здравствено осигурување и државните институции дека нејзините четири деца биле тешко заболени и на тој начин неосновано подигнала 140.000 евра социјална помош.

Нејзината приказна за болните деца за кои е неопходна нега предизвикала сожалување кај јавноста ширум Германија, по што таа се појавила во неколку телевизиски емисии, во кои зборувало за проблемите со кои наводно секојдневно се соочува.

Мајката на пет деца, која одговара пред Покраинскиот суд во Либек (Шлезвиг-Холштајн), не само што ги принудувала своите четири деца од 10, 15, 17 и 18 години да седат во инвалидски колички за преку измама да подигне социјална помош, туку и без никаква потреба самата им давала инјекции, открил семејниот лекар пред судот.

Тој изјавил дека на адресата на неговата лекарска пракса биле испорачани лекови против хемофилија во вредност од 100.000 евра, кои биле предвидени за децата на Мајке Б., иако тие не биле болни.

– Една инјекција чинеше околу 1.300 евра. Мајката навистина им ги давала тие инјекции на децата еднаш неделно – изјавил тој.

Тој додал дека на нејзините деца не била дијагностицирана никаква болест, но дека мајката сама се снаоѓала за специјалистички прегледи во Хамбург, Хановер, Магдебург и Диселдорф, каде очигледно ѝ препишувале лекови против хемофилија.

Нејзината најстара ќерка (27) изјавила пред судот дека мајката ги убедила децата „дека уште повеќе ќе се разболат ако не седат во инвалидски колички“. Според нејзините зборови, седеле во количките „кога и да ги посетувале вештаци и други луѓе. Таа им зборувала дека особено тогаш треба да се преправаат дека се болни“, рекла девојката која се преселила од семејниот дом уште во 2013 или 2014 година.

Според зборовите на сведоците и вештаците, сите четири деца се здрави како дрен и не им била потребна инвалидска количка.

– Децата се маваа со топки надвор и беа многу живи. Се качуваа по дрвја од четири метри, што јас, секако, им забранував – изјавила една воспитувачка.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...