Мајка не сака да каже каде ѝ е бебето, постојат сомнежи дека го убила

395
Бесплатна фото

Дваесет и деветгодишна жена била однесена во болница во Ваљево, но на лекарите одбила да им каже каде е детето кое го родила неодамна.

Неофицијално, постојат сомнежи дека синоќа при породувањето таа го убила своето бебе, пренесуваат српските медиуми.

Прегледот покажал дека била во седми месец, а откако одбила да каже каде е бебето, била повикана полиција.

Наводно, во полскиот тоалет на семејната куќа, полицијата пронашла постелнина и голема количина на крв.

Истрагата е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...