Патници на лет на Делта од интернационалниот аеродром на Лос Анџелес биле изненадени кога дознале дека нивниот живот е ставен во рацете на семејството Рексон, мајката Венди и ќерката Кели.
Фотографија од дуото стана хит на интернет.
– Само што летав со Делта, а пилоти беа мајка и ќерка – напиша патникот доктор Џон Р. Ватрет на Твитер – Супер лет. Инспиративно за младите жени.
Тој дознал за дуото откако жена прашала стјуардеса дали нејзините деца може да го посетат местото за пилоти.
Таткото на Венди бил пилот своевремено исто така, а нејзиниот сопруг лета за Американ Ерлајнс. Нивната друга ќерка, Кејт, исто така е пилот.