Мајката на Роналдо: Фудбалската мафија го спречи да добие повеќе „Златни топки“

303
ФОТО: EPA / STEFFEN SCHMIDT

Фудбалската мафија го спречила Кристијано Роналдо да добие уште неколку „Златни топки“. Ова го изјави мајката на фудбалерот, Долорес Авеиро, цитирана од „АС“.

– Да не беше фудбалската мафија, мојот син ќе имаше повеќе„ Златни топки“. Ако тој беше Шпанец или Англичанец, тие немаше да постапат така. Ова е затоа што Кристијано е Португалец. Не знам дали тој ќе ја добие „Златната топка“ оваа година, но верувам во тоа – рече Авеиро.

Оваа сезона Роналдо има постигнато пет гола и една асистенција на 8 натпревари од италијанското првенство. Тој ја освои „Златната топка“ пет пати и само еден друг играч – Лионел Меси – што може да се пофали со вакво достигнување.

Минатата година наградата му беше доделена на играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...