Мајката на портпаролот на СДСМ е вработена на два месеца определено

1190

Фанија Костадинова, мајката на Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието е вработена во Централниот регистар во Струмица како референт за регистрација на определено време – од 1 ноември до 31 декември, на јавен оглас и во рамки на законот, потврди за Плусинфо Марија Бошковска Јанковски, директорка на Централниот регистар.

– Нема ништо незаконско, ниту спорно во вработувањето на Фанија Костадинова која на огласот кој беше отворен пред еден месец е вработена на определено време во Централниот регистар во Струмица. Во истиот предиод се вработени уште двајца референти за регистрација од кои едниот е раководител, а кои се на неопределено време – вели директорката Бошковска Јанковски.

Во последниве два месеца во подрачните одделенија на Централниот регистар на Република Македонија, како што вели Бошковска, се вработени вкупно 62 лица.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи за партизација тврди дека платата на работното место на кое е вработена Костадинова е 25.000 денари, а како услови за аплицирање се наведува завршено средно образование без потреба од претходно работно искуство.

– Со ова логично е да се постави прашањето: Дали пред време се знаело дека мајката на портпаролот Костадин Костадинов ќе биде вработена во институцијата и затоа се бара исполнување на само два основни услова? Дали мајката на Костадинов e најмладиот и најперспективниот кадар со средно образование во Струмица и околината – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...