Мајката на Пино обвинува дека Заев ја пријавил за вознемирување

622

Премиерот, Зоран Заев, ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пинета Секондо – Пино, Маја Трпковска.

Таа ова го изјави на вчерашниот протест пред Собранието од каде што повторно побара полицијата да го пронајде нејзиниот син.

– Контактирав со премиерот, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на вибер и не одговараше на моите пораки на вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Затоа што кога премиерот ме пријави, сите тие што ќе ме пријават после се нула во споредба. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање – рече таа.

Трпковска изјави дека пред околу три недели е извршена потрага околу Смилковско езеро, но дека не е најдена трага од исчезнатите лица.

– Тоа беше непотребно трошење пари на државата. Тогаш беа трите случаи, сега се четири, исчезнат е човек од четриесетина година. Знам дека моето дете не е во Смилковско езеро, од кога исчезна три пати бев во езерото – додаде таа.

Таа обвинува дека инспекторите во МВР се неажурни во потрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...