Мајката на Пино: Не сакам да присуствувам на судењето, моето дете нема да ми се врати

Мајката смета дека тука нема што да се суди зашто обвинетата веќе го признала делото. Исто така, таа рече дека ќе ги собере куферите и ќе си замине зашто повеќе не сака да присуствува на судењето.

869

Моето дете немаше да се најде да не беа медиумите кои известуваа за ова. Вака мајката на убиениот Пино, Маја Трпковска, пред медиумите почна да го искажува својот револт по одлагањето на денешното прво рочиште за убиството на синот.

– Тоа што го најдоа не е тело, тоа се четири коски и сега мене ми е срам да кажам дека сум Македонка затоа што излегува дека во оваа држава таа што го уби моето дете има повеќе права. Додека јас протестирав, таа шест месеци седеше и леб јадеше – рече Трпковска.

Мајката смета дека тука нема што да се суди зашто обвинетата веќе го признала делото. Исто така, таа рече дека ќе ги собере куферите и ќе си замине зашто повеќе не сака да присуствува на судењето и да го трпи ова, а за судот рече утрово влегла со полна доверба, но сега е разочарана.

– Не знам што да очекувам од овој судски процес, мене моето дете нема да ми се врати. Наредниот месец ќе се наврши година дена откако некој го има убиено моето дете и оставено животни да го јадат – рече мајката.

Трпковска ја напушти судницата демонстративно откако адвокатот на обвинетата девојка побара одлагање на судењето. Девојката Ангела Ѓоргиевска се товари за соизвршителство на убиството, додека главниот осомничен избега и поради тоа тој не беше опфатен со обвинителниот акт.

Според обвинението, Пино е убиен лани во декември, а остатоците од неговото тело беа пронајдени во мај годинава. Тој со месеци се водеше за исчезнат и неговата мајка преку медиумите постојано бараше помош, апелираше надлежните да го бараат и протестираше.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...