Мајката на малтерираното дете за Алфа: Дадилката треба да одговара и за обид за убиство

1578

Со години посакував да станам мајка, на крајот успеав, со ин-витро, но само јас знам низ каква голгота поминав, за на крај моите чеда да завршат тортурирани и малтретирани од жена монструм, која ја ангажирав преку агенција, раскажува за Алфа мајката на двегодишното дете, за малтретирањето кое е снимено со безбедносните камери на игротека во скопски Аеродром.

Мајката бaра најстрога казна – дадилката наместо само за запуштање и малтретирање на дете, треба да одговара и за обид за убиство и бара најстрога казна.

– Ја гледав целосната снимка, во игротеката ми ја пуштија. Иако од болка и гнев не можев да ја догледам до крај, видов дека таа го гуши моето дете, ставајќи ја нејзината одвратна рака врз устата и носот на моето дете. Сакам да одговара за обид за убиство, а не само за запуштање и малтетирање. Моето дете не може да спие, постојано плаче. Неколку пати забележував модринки и гребаници кај децата, ама таа секогаш имаше добри изговори. Ми велеше дека паднале, се изгребале, а јас бидејќи се три дечиња и постои веројатност меѓусебно да се изгребат играјќи си, слепо и верував. Се уверував сама себе оти дадилка за која од Агенцијата ми рекоа дека има лиценца, иако не ми ја прикажаа, има искуство. Таа за да ги чува децата земаше по 30.000 денари месечно, не можев да поверувам дека може да ги малтретира – вели мајката.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...