Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз традиционално прославиле Божик на море, на островот Свети Бартоломеј на Карибите.
Оваа година друштво им правел и едногодишниот син Артур, а со нив дошла и Керол Мидлтон, мајката на Пипа и британската војвотка Кејт Мидлтон.
Папараците ги забележале додека уживале во авантурите на плажа и во вода, а штом се прошириле фотографиите на Интернет, сите почнале да коментираат едно нешто: како Керол изгледа одлично на 64 години!
Керол весело трчала по внукот Артур во црно-бело бикини, кое ја открило нејзината одлична фигура и затегната кожа, што се должи на повеќе децении посветеност на здравиот живот и вежбањето.
И додека многумина коментирале како Керол им е сериозна конкуренција на своите ќерки кога станува збор за изгледот, иако ја гази седмата деценија од животот, други истакнале дека невозможно е да изгледа подобро од Пипа и Кејт, но и дека Керол е одличен пример за тоа како може жената да изгледа феноменално во своите шеесетти години.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин