Мајката на Боки 13 се откажа од функцијата, сака да биде пример за другите

5300

Мајката на сопственикот на БМЈ „Медиа груп“ и на „1ТВ“, Јасминка Јовановска, која беше избрана за член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, се откажа од функцијата. Таа преку соопштение вели дека од лични и семејни причини поднела неотповиклива оставка од работното место.

– Јас, Јасминка Јованоска од Скопје денеска во Собранието на Северна Република Македонија поднесов неотповиклива оставка од работно место за кое што бев именувана како член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Ве известувам дека од лични и семејни причини одлучив да ја поднесам оставката. Најостро ги осудувам сите тенденциозни написи во кои бевме предмет на анализа јас и целото мое семејство.

Јас сум легалист и сакам да послужам како пример и за останатите, во слична ситуација да ги почитуваат позитивните законски прописи, вели во соопштението Јовановска.

Таа ја приложи својата оставка.

Јовановска на позицијата беше назначена во петокот со гласање на седница на Собранието.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...