На четвртиот конгрес на ДОМ кое се одржа денес под мотото „Зелени вредности – трајна визија“ присуствуваа 300 делегати а за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин.
Заблагодарувајки се на довербата, таа ја истакна убеденоста дека со тимска работа, преку соработка со граѓанските здруженија и Европските Зелени, ДОМ ќе има успешна иднина.
На Конститутивната седница на Централниот одбор на ДОМ што се одржа по завршување на Конгресот, беа избрани четири потпретседатели на ДОМ: Мирослав Богдановски, Бети Дејанова, Христа Најданов и Ана Петровска. За секретар на ДОМ беше избран Љупчо Јаневски.
На конгресот присуствуваа претставници на Владата, пратеници, претставници од политичките партии од Македонија (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ВМРО-НП, ПЦЕР, ПОЕН, Демократски сојуз на Власите, Демократски сили на Ромите, Партија на пензионерите, ПЕП 21), од зелените партии од Грција, Бугарија и Србија, претставници од невладиниот сектор и од дипломатскиот кор.