Маја Иванова приреди велигденски ручек за сопругите на амбасадорите

579

Сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова, денеска организираше велигденски ручек за сопругите на резидентните амбасадори во Република Македонија, при што беа посетени манастирската црква „Св. Андреја“ и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка во близина на Скопје.

На ручекот присуствуваа сопругите на амбасадорите на Европската унија, Русија, Чешка, Германија, Унгарија и Шведска.

Според Иванова, Македонија изобилува со огромно културно и духовно наследство и затоа велигденскиот ручек, еднодневната прошетка и посета се одржаа во едни од најубавите скопски манастири – манастирската црква Св.Андреја и манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка од каде што заедно со сопругите на амбасадорите упатија пораки за мир, љубов, благосостојба, здравје, среќа, радост и убавини.

– Оваа година е посебно значајна за Република Македонија затоа што одбележуваме еден неповторлив јубилеј, а тоа е 1000 – годишнината од Охридската Архиепископија и 60 години од нејзиното возобновување. Со оглед на тоа што Македонија е лулката од каде што е тргнато христијанството да се шири низ Европа за што сведочи и Библијата, особено ми е драго што со моите гостинки денеска можеме да присуствуваме овде – истакна Иванова.

Таа упати и повик до сите православни христијани – со посета на манастирите и црквите во текот на оваа година, да се вклучат во одбележувањето на овој голем јубилеј, затоа што е многу значаен за Македонската православна црква и за православната вера воопшто во Република Македонија.

Сопругата на рускиот амбасадор во Македонија, Лариса Шчербак на сите православни христијани им упати честитка со порака за мир и љубов.

– Многу сум среќна што сум тука во овие свечени денови и би сакала да им посакам на сите православни во светот и на сите православни христијани во светот мир, пред се во светот, мир во нивните души. Љубов кон ближниот, љубов кон Христос. Христос воскресе!“ – порача Шчербак.

Сопругата на шведскиот амбасадор Билјана Стафансон истакна дека настанот што го организира Маја Иванова прерасна во традиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...