Судењето за случајот „Маѓар Телеком“ кој од 2011 година никако да добие разрешница во Македонија, продолжува утре, но сега надлежно е Специјалното јавно обвинителство. Предметот ќе го застапува обвинителката Лиле Стефанова.
Случајот „Маѓар Телеком“ седум години беше заглавен во судските лавиринти, а предметот е во фаза на доказна постапка.
Во предметот „Маѓар телеком“ обвинети се тројца поранешни директори на „Телеком“: Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба.
За овој предмет се води судска постапка во САД и веќе е во завршна фаза.
Во постапката во САД се споемнува замешаноста и на некои македонски функционери, а се очекува сомневањата за домашни функционери кои примале мито да се отворат за време на истрагата и во Македонија.
Случајот „Маѓар телеком“ беше поведен во 2008 година по кривична пријава на Министерството за внатрешни работи поради злоупотреба на 1,8 милиони евра државни пари од страна на обвинетите. Сендреи, Плат и Кишјакус се товарат за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од членот 353 став 5, а во врска со став 4 и став 1 од КП.