Машиновозач забележал машки труп на пругата Велес – Градско

273

На пругата Велес – Градско кај железничката станица „Згрополци“ вчера во 18.45 часот машиновозач забележал тело на маж на пругата, информира СВР Велес.

Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски, по извршeниот увид утврдено е дека се работи за шеесет и двегодишен жител на Велес М.О., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...