Матка ќе прерасне во туристичка развојна зона. Ова се предлага во Програмата за развој на туризмот за годинава која вчера ја усвоила Владата.
Владата вчера ја разгледала информацијата за формирање на зоната и дополнително му препорачала на Град Скопје за еден месец да обезбеди постоечка документација за изградба на Спортско рекреативен центар Езеро Треска во Општина Сарај. Министерството за економија, пак, за 4 месеци до Владата треба да достави Информација за текот на активностите за основање на туристичка развојна зона – Езеро Треска во Општина Сарај.