Матичните лекари ќе итаат и во Брза помош во Неготино

325
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

За да се подобри достапноста на здравствените услуги за граѓаните во општина Неготино, матичните лекари ќе бидат вклучени во дежурствата во службата на Итната Медицинска Помош. За првпат се воведува вклучување на приватните лекари во дежурства во службата на ИМП во Здравствен дом Неготино, а по потреба, ќе се шири и во останатите општини каде има недостаток на лекари во ИМП – соопштија денеска од Министерството за здравство.

На вчерашната средба на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигугрување, Здравствен дом Неготино и матичните лекари, е донесена одлука да се обезбеди 24-часовна здравствена заштита на граѓаните во општината.

Поради недостиг на лекари во Итната Медицинска Помош, а во согласност со  договорените обврски помеѓу Здравствен дом Неготино и матичните лекари, истите се обврзани да обезбедат 24-часовна здравствена заштита на населението.

Обезбедување здравствена заштита на населението е врвен приоритет на Министерство за здравство. Договорна обврска на матичните лекари кои имаат склучено договор со ФЗОМ е да учествуваат во системот на дежурства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...