Масовно пукање се случи на турнир на видеоигри во Џексонвил, Флорида, објавија американските медиуми. Според првичните информации, има најмалку четворица мртви, а десетина ранети.
Шерифскиот оддел на Џексонвил објави твит во кој им советува на граѓаните да не се приближуваат кон областа.
– Масовно пукање во Џексонвил лендинг. Останете подалеку од областа. Областа во моментов не е безбедна. ОСТАНЕТЕ ПОДАЛЕКУ, пишува во твитот.
Пукањето се случило во Џексонвил лендинг, забавен комплекс на реката Сент Џонс, во кој има ресторани и затворен трговски центар.
Локалните новинари јавија дека забележале лице на носилка како го внесуваат во амбулантно возило.
Полицијата објави дека еден осомничен напаѓач е мртов, но се трага по можен втор напаѓач.