Масовниот убиец на Тајланд се налутил на тештата на командирот

Војникот прво го убил својот командир во неверојатна трагедија која почна во саботата и заврши во неделата наутро, кога безбедносни сили го застрелаа тешко вооружениот напаѓач на терминалот 21 Корат, во трговскиот центар на аеродромот во Након Ратас.

287

Властите во северниот дел на Тајланд денеска ги враќаат телата на жртвите кај роднините, откако безбедносните сили го убија војникот кој изврши масовно убиство во повеќечасовна опсада на трговски центар, при што загинаа 29, а беа повредени 58 лица.

Војникот прво го убил својот командир во неверојатна трагедија која почна во саботата и заврши во неделата наутро, кога безбедносни сили го застрелаа тешко вооружениот напаѓач на терминалот 21 Корат, во трговскиот центар на аеродромот во Након Ратас.

Убиецот, наредник Јакрапан Тома (31), бил лут на бабата (мајката на сопругата) на неговиот командир поради прашање поврзано со земјиште, соопштија властите.

Бројот на загинати го надмина последниот голем напад на Тајланд во 2015 година во Бангкок, во кој загинаа 20 лица.

Повеќе од илјада луѓе синоќа ги оплакуваа жртвите на градскиот плоштад, а будистичките монаси палеа свеќи и пееја. Многумина од 58-те повредени се во лоша состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...