Маснотии во крвта: Спасот е во оревите, гравот, лукот…

Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 отсто. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.

1460

Некои луѓе се мака мачат со маснотии во крвта, особено со холестеролот, иако не припаѓаат во редот на гурманите. Се разбира, истото се случува и со оние кои не можат да се пофалат со здрава исхрана. Нутриционистите велат дека е можно регулирање на маснотиите и холестеролот со пет клучни намирници.

Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 отсто. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.

Оревите обезбедуваат најголем процент на „добар холестерол“.

Гравот, богат со растителни влакна, може да го намали холестеролот за шест отсто за само еден месец и половина.

Овесот е богат со растителни влакна и познат непријател на штетниот холестерол.

Лукот со дневна доза од само 5 мг во таблети, успева да елиминира завидни 11 отсто од холестерол. А, за да ви се подобри циркулацијата на крвта, доволно е да јадете само еден лук дневно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...