Дваесет и шестгодишник од Лос Анџелес ги убил својот татко, братот и уште две лица, а уапсен е по 12 часа. Светските медиуми пренесуваат дека ја ранил и мајка си.
Според Ројтерс, пукањето почнало во станот во кој осомничениот живеел со родителите околу два часот по полноќ.
По 45 минути, убил и познајничка на бензинска пумпа. Некои медиуми велат дека му била бивша девојка, а други дека само ја познавал.
Тој пукал и во работникот на бензинската, кој како што се наведува, во тешка состојба бил пренесен во болница, а потоа и во човек кој се обидел да го ограби на банкомат.
Пред да биде уапсен, убил и маж во автобус.
ФОТО: Принтскрин