Во населба во Загреб синоќа околу 21.30 часот се случи шесткратно убиство во кое се убиени двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Тоа го соопшти утрово загрепската полиција.
Претходно, локални медиуми јавуваа за четири убиени деца.
Преживеано е само седуммесечно бебе кое не е повредено.
На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија загрепски медиуми.
Убиецот според полицијата, извршил самоубиство. Локалните медиуми јавија дека можна причина за убиството е семејно насилство.