Маршови ќе го сменат режимот на сообраќај во Скопје

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.

530

Утре со почеток во 12 часот ќе се одржи марш „Парада на гордоста“. Ќе започне од паркот „Жена борец“ на улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, по булевар ВМРО и по булевар Илинден до „Школка“ во Градски Парк. Во исто време, ќе се одржи марш „Сведоштво за семејство“. Маршот ќе започне од црквата „Св.Богородица’’ на улицата Филип Втори Македонски, десно по улицата 11-ти Октомври, улицата Димитрие Чуповски, улицата Васил Главинов“, булевар Партизански Одреди до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

– Поради одржување на овие два настани, сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар
Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј, булевар Св.Климент Охридски и другите околни улици. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...