Двајцата советници во кабинетот на премиерот Зоран Заев – Бојан Маричиќ и Марјан Забрчанец се именувани за национални координатори. Како што соопштија од владата, Маричиќ е именуван за национален координатор за интеграција во Европската унија, Берлински процес и регионална соработка, а Забрчанец за национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата.
Овие две именувања на национални координатори, како што велат од Владата, се со цел за време на техничката влада да се обезбеди контиунитет во започнатите процеси во сферата на европските интеграции и регионалната соработка, како и во сферата на професионализацијата на владините јавни комуникации согласно владината комуникациска стратегија.