Планетарно популарната пејачка Леди Гага (33) признала дека во повеќе наврати користела забранети супстанции, а од пеколот во кој ја вовлекле опијатите, ја спасила познатата српска уметница, пишуваат српските медиуми.
Години подоцна, сопственичката на хитот „Shallow“ открила дека болките кои ги предизвикува грчењето на мускулите ги ублажувала со консумирање опијати во неверојатни количини, но дека сега дури и тој период е зад неа.
Познато е дека Леди Гага соработувала со Марина Абрамовиќ (72) во текот на 2013 година, по што тие останале на пријателски односи, а сега братот на славната српска уметничка тврди дека неговата сестра, всушност, била заслужна затоа што пејачката се ослободила од зависноста и престанала да ги користи забранетите супстанции.
– Марина ја однесе Гага во некоја куќа во Џерси. Колку што сум запознаен, таму престојуваат луѓе кои се лекуваат од зависноста од опијати. Знам дека тоа лекување е чудно и дека тие трчаат голи низ некоја трева. Сепак, тоа ѝ помогнало и на Леди Гага да се излекува од зависноста од дрогата со помош на Марина – рече Велимир Абрамовиќ за спрските медиуми.
FOTO: Printskrin/Instagram
FOTO: Printskrin