Мареј разочаран што бавно заздравува

117

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека е разочаран бидејќи периодот на заздравување трае многу подолго од очекуваното.

Последниот натпревар Мареј го одигра минатата година на четвртфиналето во Вимблдон, а потоа се повлече поради повреда на колкот. Во јануари тој имаше и операција.

– Сето ова се одвива многу бавно. Целиот период на заздравување трае значително подолго, отколку што јас и мојот тим очекувавме. Сепак, почнав да тренирам и се надевам дека ќе бидам подготвен за време на сезоната на трева – истакна Мареј.

Првиот турнир за кој е пријавен британскиот тенисер е во Росмален, Холандија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...