Мареј подготвен да игра во сингл најрано по девет месеци

52

Поранешниот број 1 во светскиот тенис, Енди Мареј (Велика Британија) очекува да биде подготвен да игра во сингл повторно за девет месеци најрано. 32-годишниот Шкот претрпе операција на колкот во јануари, но потребно е долго време да се обноват мускулните влакна и силата на ногата.

Мареј минатиот месец се врати на теренот и заедно со Шпанецот Фелицијано Лопез го освои турнирот во „Квинс“ во Лондон. Тој се вклучи во шемата во двојки и на „Вимблдон“, но отпадна во вториот круг во тандем со Пјер-Југ Ербер (Франција) кај машките парови и во третиот круг на мешани двојки со Серена Вилијамс (САД).

– За време на операцијата се добиле сериозни деформации на мускулните влакна и ќе треба многу време и напорна физичка работа, за да се обновам целосно. Силата во нозете нема да се врати за 3-4 месеци, поскоро ќе трае меѓу 9 и 12 месеци. Сигурно, моите мускули треба повторно да стигнат до одредено ниво за да можам повторно да играм во сингл. Во спротивно, ако неопходната силата ја нема, може повторно да дојде до повреда – изјави Мареј за Би-Би-Си.

Трикратниот Гренд слем шампион ќе помине низ специјална кондициска програма во следните 4-6 недели.

– Среќен сум што не чувствувам болки и сакам да ја вратам нормалната состојба на колкот. Кога силата во него ќесе врати, ќе можам повторно да се натпреварувам – додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...