Поранешниот прв светски рекет подолго време има проблеми со колкот. Тој испадна уште во првото коло на Грен слемот Австралија опен, а сега го откажа и учеството во Марсеј.
На почетокот на годинава, Мареј најави крај на својата кариера во јуни.
– Поради болки во колкот Мареј најверојатно ќе оди на нова операција и ќе го пропушти турнирот, објавија организаторите на натпреварувањето во Марсеј.
Британецот изрази жалење за ваквиот тек на настаните, но потенцира дека немал друг избор.
Турнирот во Марсеј е закажан за периодот 18 – 24 февруари, а замена за Мареј е чешкиот тенисер Томаш Бердих.