Поранешниот прв светски рекет, Британецот Енди Мареј најверојатно ќе го пропушти Грен слемот „Ролан Гарос“.
Како што објавија дел од англиските медиуми, Мареј таква одлука донел со цел подобро да се подготви за домашниот Грен слем „Вимблдон“.
Британецот првично беше вклучен во листата натпреварувачи за Францускиот Опен кој е закажан да се игра во периодот од 27 мај до 10 јуни.
Грен слемот во Лондон, е планиран за првата половина на седми месец (2-15 јули). з