Британскиот тенисер Енди Мареј се најде на листата пријавени учесници за Грен слемот во Лондон, „Вимлдон“ и покрај тоа што се уште не е јасно дали тој ќе закрепне на време од повредата.
Мареј е рангиран на 45.место на списокот на учесници, но тоа не значи дека тој нема да се најде меѓу 32-та носители, бидејќи тие места не с е„врзани“ со АТП рангирањето, туку според настапите на овој престижен турнир.
Грен слемот во Лондон што се игра на тревната подлога ќе стартува на 2 јули и ќе трае до 15 јули.