Мареј: Ако седам дома, тогаш ќе имам повеќе деца

196

Британскиот тенисер Енди Мареј по победата над Стан Вавринка од Швајцарија во финалето на турнирот во Антверпен, најави продолжување на кариерата, бидејќи, како што рече, ако стави крај, ќе има многу деца.

– Имам две деца, трето ќе се роди наскоро. Ако седам дома, тогаш ќе имам повеќе, па затоа ќе играм уште долго – вели Мареј.

Трофејот за Британецот во Антверпен беше прв по операцијата на колкот.

– Изминатите месеци беа тешки, па јас дури и не размислував за трофеј. Не зборував за победи, само за натпревари. Овој трофеј е изненадување за сите. Не верував дека сум подготвен да играм на ова ниво. Не мислев дека резултатите ќе дојдат толку брзо по моето враќање на теренит – додаде Мареј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...