Марго Роби го откри најчудното место на кое имала секс!

Австралискатa актерка Маргот Роби во неодамнешното интервју го открила најнеобичното место на кое водела љубов.

1471

– Не сакам да трошам многу пари. Трошењето ме прави анксиозна, па и самата помисла на тоа. Мислам дека е лудо да трошиш многу пари за работи кои, всушност, не ми требаат – смета австралиската актерка Марго Роби (29), ѕвездата на филмот „Си беше една во Холивуд“, новото филмско остварување на Квентин Тарантино.

Веќе сега за таа улога ѝ предвидуваат Оскар. Маргот во филмот ја отелотвори трагично починатата актерка и модел Шерон Тејт, која беше во брак со режисерот Роман Полански. Актерката во неодамнешното интервју признала дека Тарантино не ѝ ја понудил улогата, туку дека таа го контактирала него.

– Му напишав писмо и му реков дека се восхитувам не неговата работа и дека би сакала еден ден да го видам на дело. Неколку недели подоцна ми се јави неговиот агент и ми рече дека Тарантино би сакал да се најде со мене. Седнавме и разговаравме за проектот. Сценариото беше подготвено дури неколку месеци подоцна – рекла Роби.

Светска слава ѝ донесе улогата на Наоми Лапагли во филмот „Волкот од Волстрит“. Поради разголените сцени во филмот, добила понуда да се фотографира за „Плејбој“, но тоа сепак, го одбила.

И покрај милионите и славата кои ги стекнала, Марго себеси не се смета за ѕвезда, па сака да каже дека и натаму е обична девојка од австралискиот град Добли.

Во интервјутот признала дека не сака да готви. За себе вели дека е лоша во кујна.

– Се сеќавам на еден Ден на благодарноста кај пријател во САД. Мојата задача беше да направам сладок компир, кој на крајот целосно изгоре. Минатиот Божик ја запалив шунката – истакнала актерката.

Во слободно време, Роби открила дека сака да се напие пиво. И тоа под тушот.

– Ако имам време, кога ќе дојдам дома, пијам пиво под тушот или во када – признала Роби.

Последните три години е мажена за британскиот филмски продуцент Том Акерли (29).

Вели дека и натаму е вљубена до уши, но дека ја нервираат прашањата за тоа кога ќе стане мајка.

– Кога се омажив, првото прашање кое луѓето ми го поставува беше: „А, кога ќе имате бебе?“ Лута сум поради тоа видување дека двојките веднаш по венчавката мора да имаат деца – рекла Роби во интервјуто па го открила најнеобичното место на кое водела љубов.

– Тоа беше на џет-ски! Не се движеше, само беше на вода, но водев љубов на џет ски – рекла убавата актерка.

Image result for margot robbie once upon a time in hollywood

FOTO: Instagram/Fejsbuk/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...