Маргаритис Схинас, до неодамна главниот портпарол на Европската комисија, ќе биде новиот грчки комесар во ЕУ на местото на Димитрис Аврамопулос, јави дописничката на МИА од Атина.
– Предлогот на премиерот Кирјакос Мицотакис за позицијата претставник на Грција во новата Европска комисија ќе биде Маргаритис Схинас. За оваа одлука, премиерот веднаш ќе ја информира новата претседателка на Комисијата, Урсула Фон дер Лајен – соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.
ФОТО: МИА