Многумина за Мараја Кери би рекле дека музичката дива е „ждерачка“ на мажи. Но, изгледа дека не е така, бидејќи оваа дива повеќе преферира квалитет отколку квантитет.
Пејачката неодамна открила дека досега имала само пет сексуални партнери во својот живот, во интервјуто за „Космополитен“.
Мараја првпат се омажи во 1993 година за 21 година постариот музички продуцент Томи Монтола, со кого беше во брак до 1998 година.
Потоа била во врска со пејачот Луис Мигел. Во 2008 година се венчаше за 10 години помладиот пејач и актер Ник Кенон, со кого ги има осумгодишните близнаци, а двојката се раздели во 2014 година.
Со милијардерот Џејмс Пакер беше свршена, а по раскинувањето, од октомври 2018 година е во врска со танчарот Брајан Танака.
– Искрено, малку сум старомодна во однос на моите колешки од браншата. Имав само пет партнери, но сите беа многу различни – изјавила Мараја Кери.
ФОТО: Инстаграм