Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, никогаш не била вработена во Агенцијата за супервизија.
Оваа реакција доаѓа по објавата за отворени случаи за судир на интереси од страна на Државната антикорупциска комисија.
„На ден 27.03.2019 година во пошироките медиуми се објавени информации дека „Државната антикорупциска комисија отвори случаи против повеќе судии за злоупотреби и коруптивни дејствија” и во истите објави е наведено дека „По допрен глас ќе отворат и предмети за судир на интереси и за сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, која е вработена во МАПАС”, се вели во информациата од МАПАС од каде што демантираат дека Ристовска кога било работела кај нив.