Под мотото „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсења и прогони“ Македонската асоцијација на новинари утре повика на протест пред Основното јавно обвинителство и пред Судовите.
Од таму велат дека ваквата реакција следува по се поголемиот и силен политички притисок врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку правосудниот систем.
– МАН ги повикува своите членови утре во 11 часот да се придружат на мирниот протест кој ќе започне пред зградата на Основното јавно обвинителство на Кејот на Вардар, а потоа ќе продолжи кон судските палати. Истовремено, ги повикуваме сите новинари, медиумски работници, членови на невладини организации, како и сите граѓани да ја поддржат слободата на медиумите преку што помасовно присуство.