МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, насилниците да се казнат

128

Македонската асоцијација на новинари МАН остро го осудува нападот, заканите,
заложништвото и попречувањето на екипата на ТВ21 да си ја врши својата задача од
роднините на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ.

– Ги повикуваме министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство без
одложување да ги изведат пред Суд насилниците од Арачиново, за кои се знае дека се
политички активисти. Градоначалничката Халими и партијата чии активисти се – веднаш и без одлагање самите да ги пријават насилниците и да се извинат до новинарската екипа и до вработените во ТВ21. Нема место за насилници во политиката, соопштува МАН.

За жал, констатираме дека состојбата со слободата на медумите не се подобрува,
напротив се влошува. Заканите, нападите и притисоците се зголемуваат од ден во ден.
Македонската асоцијација на новинари, заедно со ЕФЈ и ИФЈ врши засилен мониторинг на состојбата со медиумите во земјава, особено за време на изборни процеси, кога
новинарските екипи често се мета на напади, закани и насилства од политички активисти, соопштија вечерва од Македонската асоцијација на новинари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...