МАН за ТВ Алфа: Премиерот не е добар пример

725

Во врска со насловот кој го емитуваше ТВ Алфа „Зошто Владата на Заев се однесува „педерски” кон Србија”, Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека владата на Република Северна Македонија нема право да ја критикува телевизија Алфа, бидејќи не го критикуваше ниту премиерот Зоран Заев кога го употреби истиот термин, со што го легализираа тој начин на пежоративно изразување и со тоа го загубија правото да критикуваат друг кога јавно го употребува, соопшти МАН.

– Алфа ТВ се изјасни дека истиот став е пренесен во пежоративна смисла на зборот. Воедно, насловот го гледаме и разбираме како иронија и критика на речникот на премиерот. МАН, и покрај тоа, ги повикува новинарите и медиумите да се воздржуваaт од зборови и термини кои се навредливи или содржат можност за толкување како за говор на омраза, без оглед кој и за кои цели го користи таквиот речник (вклучително и премиерот на оваа држава).

Новинарите и медиумите мора да ја негуваат културата на говорот и етиката, а со користењето пежоративни зборови, дури и на симболичен начин, се отвора простор за генерирање антипатија кон одредени групи во општеството и нивно погрешно сместување во негативен контекст.

МАН ги извести Европската и Меѓународната федерација на новинари за последните случувања во медиумскиот сектор во земјава, вклучително и за инспекцискиот надзор во Алфа ТВ, но и за тековните случувања за аферата Рекет, кои се поврзани со 1ТВ, како и (не)делувањето на владините и правосудните институции, и притисокот под кој се наоѓаат медиумите кои критички известуваат за власта, стои во соопштението на МАН.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...