Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека денешната прес конференција на Управата за финансиска полиција која јавно објави дека поднела кривична пријава против директорот на МРТВ, преставува врв на двегодишниот политички притисок од власта со кој се соочува раководството на јавниот сервис, соопштија попладнево од МАН (Македонска асоцијација на новинари).
Ваквите закани против медиуми, директори на медиуми и новинари од правосудни инстанци, (финансиска полиција, СЈО, ОЈО, Судови) ја качија земјава на европскиот врв со 52 отсто загрозеност на слободата на медиумите, наспроти европскиот просек од 23 отсто.
И за оваа ситуација, МАН ќе ги извести ЕФЈ и ИФЈ, како и странските преставници во земјава, нагласија од МАН.