МАН бара Владата да се откаже од планот за цензура

475

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја повика Владата веднаш и без одложување да се откаже од својата намера таа да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век.

„Доколку сака да сузбие лажни вести, владата може и треба да поработи во сопствениот двор, а нема никакви законски овластувања да контролира вести објавени од медиумите и самата таа да ги оценува дали се лажни не, зависно од тоа дали одговараат на потребите на владата или не“, реагира денеска МАН откако Владата вчера на прес конференција најави акциски план за сузбивање дезинформации и лажни вести.

„Доколку некоја вест е лажна, во Македонија постои закон за навреда и клевета и лажно информирање кој е во сила и за што оценка дава надлежен орган – Суд. Владата нема ингеренции ниту смее да биде судија наместо Судот. Информациите ги произведуваат комерцијални медиуми (освен јавниот сервис) и тие имаат правна, економска и пазарна одговорност за своето работење. Јавноста одбира кој ја има довербата, а кој не. Ја повикуваме Владата веднаш и без одложување да се откаже од својата намера таа да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век кога секој граѓанин може да чита вести за Македонија било да е медиумот од Македонија или да се пишува и објавува од било кое друго место во светот“, се наведува во реакцијата на МАН.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...