Напаѓачот Марио Манџукиќ преку порака на Инстаграм објави повлекување од репрезентацијата на Хрватска.
Манџукиќ има 89 настапи и 33 гола во дресот на репрезентацијата, кои стигнаа до историското второ место на Светското првенство во Русија.
„Не постои совршен момент за повлекување од националниот тим, но сребрен медал од Светското првенство ми даде сила да го направам овој важен чекор“, напиша меѓу другото 32-годишниот напаѓач на Јувентус.