Манчестер Сити избегна санкции од ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема да го казни Манчестер Сити за можна повреда на правилата за трансфер на млади фудбалери надвор од Европа.

115

Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема да го казни Манчестер Сити за можна повреда на правилата за трансфер на млади фудбалери надвор од Европа.

Како што објави „Скај Спорт“ новиот шампион на Премиер лигата се спаси од санкции и ќе може да учествува на трансфер пазарот и да ангажира нови засилувања.

Претходно, жалба за трансферот на играчот од средниот ред Бенџамин Гар, поднесе клубот Велес Сарсфилд. Сити беше соочен со забрана да учествува во два трансфер рока.

Во ФИФА ја отфрлија жалбата на Сарсфилд, бидејќи Гаре има италијански пасош и поради тоа одлучи дека играчот имал право да го напушти аргентинскиот клуб.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...