Фудбалската опсерваторија ЦИЕС објави рејтинг на клубовите според сумата што ја потрошиле за трансфери на играчи од сегашниот состав. На прво место во рангирањето се најде Манчестер сити. Англискиот клуб е првиот во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на фудбалерите. Вкупната сума изнесува една милијарда и 14 милиони евра.
На второто место е ПСЖ (913 милиони), додека трет на оваа листа е Реал (902 милиони).
Рејтинг на ТОП 10 клубови според потрошени средства на своите фудбалери според ЦИЕС:
1. Манчестер сити (Англија) – 1 милијарди и 14 милиони евра
2. ПСЖ (Франција) – 913 милиони
3. Реал Мадрид (Шпанија) – 902
4. Манчестер јунајтед (Англија) – 751
5. Јувентус (Италија) – 719
6. Барселона (Шпанија) – 697
7. Ливерпул (Англија) – 639
8. Челзи (Англија) – 561
9. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 550
10. Арсенал (Англија) – 498.