Манчестер сити по натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите против Аталанта (1:1) се пошегува со дефанзивецот Кајл Вокер преместувајќи го во составот меѓу чуварите на мрежата.
Англичанецот поради повреда на Едерсон и црвениот картон на Клаудио Браво, вториот голман на синоќешниот дуел во Милано, остатокот од мечот го помина на голманската позиција.
На страницата на Твитер на англискиот клуб беше објавено видео, на кое Вокер се најде во друштво на другите пет голмани.
ФОТО: EPA / PAOLO MAGNI