Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека навистина е за правдата со тоа што ќе даде придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство.
– Ги повикуваме да дадат придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство. Да докажат со дела, а не само со зборови. Да дадат придонес сите кои ги прекршиле законите да одговараат. Без разлика за кого се работи. Покажавме дека никој не е недопирлив. Системот функционира и ќе има правда – рече Манчевски.
ВМРО-ДПМНЕ одговори дека СДСМ е заглавен и се подолу тоне со обидите да ги амнестира криминалот и високата корупција.
„Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку „пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.