Постигнувањето на националните бродбенд цели ќе обезбедат можност за дигитална трансформација на општеството што треба да доведе до суштинска промена во начинот на нашето живеење, размислување, комуникација и водење бизнис.
Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на денеска организирана јавна расправа на којшто беше презентирана работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) на која се осврна на содржината на документот, а зборуваше и за заложбите на Владата за реализација на предвидените мерки и активности.
– НОБП е стратешки документ на државата. Мерките и активностите во НОБП не смеат да бидат изолирани и да преставуваат цели сами за себе. Тие мора да бидат взаемно поврзани и усогласени и со други стратешки државни политики за да ја постигнат крајната цел, а тоа е да се обезбеди подобар живот за граѓаните – рече Манчевски.
Меѓу најголемите предизвици во реализацијата на Планот е цените за пристап до ултра брз интернет за домаќинствата во белите зони кои, рече, мора да бидат прифатливи за граѓаните, како и обезбедување на конкурентен и лојален пазар.
– Едно од најголемите предизвици секако ќе биде обезбедувањето на ултра брз пристап до интернет за крајните корисници во белите зони. Белите зони се показател на дигиталниот јаз во државата, а државата треба да обезбеди начин тој да се намали. Затоа, во НОБП предвидено е во белите зони ЈП МРД, по барање на крајните корисници да им обезбеди оптички поврзувања, но некаде и безжични, за потоа преку истите оператор да им обезбедува пристап до ултра брз интернет. Есенцијално е изградбата, користењето на оваа пристапна оптичка инфраструктура да биде на транспарентен и недискриминациски начин, согласно препораките на ЕУ за државна помош. Ниеден оператор не треба да биде ставен во повластена позиција на пазарот. Ова мора да е гарантирано. За потврда на истото, текстот на НОБП ќе биде доставен на мислење и до ЕУ – рече министерот Манчевски.
Тој нагласи дека целта нема да се постигне доколку потрошиме сериозни јавни средства за изградба на мрежи во белите зони, а потоа тие да не се користат.
– Јавните средства кои државата ќе треба да ги обезбеди за изградба на мрежите во следните 10 години, а тоа се неколку десетици милиони евра, можеби на прв поглед изгледаат многу, но на ова треба да се гледа како предуслов за обезбедување на дигитална трансформација во државата. Тоа е единствениот начин институциите и услугите да ги приближиме до граѓаните. Грѓаните да имаат подеднаква шанса за пристап до квалитетно образование и информации. Ова е стратешки документ, кој треба да влијае и на намалувањето на иселувањето од државата, особено во руралните средини – подвлече Манчевски.
На расправата за содржината на документот, усогласеноста со стандардите на европската легислатива, како и важноста на документот во процесот на пристапување кон ЕУ се озврнаа и се обратија и Димитар Буковалов од МИОА и Цветанка Кузмановска од СЕП. -Рамката од 10 години на НОБП се совпаѓа со почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ, рече Кузмановска и додаде дека веќе во ноември ќе започнат преговорите во делот на бродбенд интеренетот, а клулната улога ќе ја игра БЦО-(Broad bend competence office) кое ќе ја следи и координира имплементацијата на планот и мерките.
На дебатата беше поздравена инклузивноста на процесот на изработка на документот со вклучување на сите засегнати страни – бизнис секторот, универзитетите, опраторите и НВО. Беше побарано во планот да се вклучи и можноста за дигитализација на радиото како и вклулување на операторите и јавноста при утврдувањето на еднократниот и годишниот надомет за фрекфенциите.
Коментарите и забелешките од јавната расправа, како и тие што до крајот на јануари ќе пристигнат во МИОА, ќе бидат разгледани во рамки на работната група, по што ќе се финализира Националниот оперативен бродбенд план. Предвидено е во текот на февруари документот да биде усвоен на седница на Влада.