Манчевски: Се славеше смртта на Села, врзуваа кабли како за бесилка

1943

Дамјан Манчевски бил надвор во холот пред прес-центарот кога првите луѓе се појавиле на скалите со фантомки на главата при минатогодишниот упад во Собранието.

– Веднаш влегов во прес-центарот и се обидовме да ги симнеме прво пратениците кои беа горе во галеријата бидејќи се плашевме да не ги турнат од таму – рече тој.

Обезбедувањето се обидело да спречи влез во просторијата, но за кратко граѓаните успеале да влезат.

– Веднаш се упатија кон нас, еден од нив кон мене се упати и ми удри бокс по лицето. Носот ми беше скршен. Некои маваа со раце, некои со сталаци, некои со компјутери – рече Манчевски.

Лицата со фантомки не биле гласни, но според него, било очигледно дека тие координирале и им кажувале на другите што да прават.

– Кога толпата ќе спласнеше тие ги распламнуваа. Ќе се качеа на столици и маси и ќе скандираа за да ги поттикнат другите – сведочи министерот.

Тој кажа оти се труделе да не ги гледаат насилниците во очи оти ако ги гледале веднаш се насочувале кон нив и ги напаѓале.
Села бил меѓу пратениците, посочи министерот и додаде оти околу него биле повеќе пратеници.

– Села константно беше маван како и сите таму. Ако не со бокс тогаш со сите предмети со кои маваа. Имаше крв на главата. Имаше извици и закани кон сите нас и конкретно кон Заев и Села. Викаа убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците…- сведочи министерот.

Подоцна, според сведочењето на Манчевски, Села бил на земја, околу него имало група од десетина лица кои го удирале, а телото само му се помрднувало.

– Во еден момент некој извика дека го убиле Села, тоа се прошири и дел од присутните во прес-центарот почнаа да слават -рече министерот.

Откако прославиле, се насочиле кон другите и рекле дека Заев е следен.

– Дел од нив врзуваа и кабли како за бесилка и се обидуваа да фатат некој од нас и да го извлечат од групата пратеници- кажа Манчевски.

Тој од присутните обвинети рече дека препознава едно лице, Александар Јаневски, кое во еден момент почнало да се однесува заштитнички. Кај други рече дека не видел заштитничко однесување. Поспчи оти и другите обвинети ги видел во различни делови од салата, за секој може да кажа дека во одреден момент морал ако ништо друго да помине покрај местото каде Села бил удиран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...