Земјите од Западен Bалкан отворија ново поглавје, ера на пријателство и економски просперитет. Очекувам Западен Балкан попрво дигитално да се интегрира во ЕУ отколку политички, рече министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на првата прес-конференција во рамки на Дигиталниот самит кој започна утрово во Скопје.
– Конечно балканските земји сме во заеднички напор да направиме нешто повеќе за нашите граѓани, покрај сите предизвици политички и од историјата се собравме тука за да кажеме дека имаме волја заедно да ги прифатиме промените од дигиталната трансформација… Од овој Самит очекувам да се договориме да се намалат цените за роаминг, очекувам да направиме заеднички напор за подобар пристап до широкопојасен интернет, очекувам младите да бидат предводeни во подигањето на дигиталните вештини, очекувам меѓусебно да ги признаеме дигиталните сертификати – рече Манчевски.